Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Во сабота поголема минутажа за игра ќе добијат ракометарките кои не играа многу на претходните дуели
Кастратовиќ: Во сабота поголема минутажа за игра ќе добијат ракометарките кои не играа многу на претходните дуели

Кастратовиќ: Во сабота поголема минутажа за игра ќе добијат ракометарките кои не играа многу на претходните дуели

Денес нашиот женски ракометен шампион одржа прес-конференција по повод саботниот натпревар против Хипо во лигата на шампионите. Овој меч ќе нема некое големо резултатско значење, ако се знае дека во следната фаза ќе пренесеме четири бодови, а Хипо веќе нема никакви шанси за пласман во следната рунда. На денешниот прес пред присутните во конференциската сала зборуваа Нацева, Кастартовиќ и Дембеле.

-Точно дека имаме спомени со Хипо од времето на Кометал Ѓорче Петров, но пред овој меч нема срцебиења, нема толку емоции, очекуваме сигурни два бода, да ја заокржуиме првата фаза со победа, со една добра атмосфера. Потоа добро ќе ни дојде една пауза за да анализираме како сме одиграле. Задоволни сме што ќе пренесеме четири бода во следната фаза, можевме и повеќе, но тоа допрва ќе биде предмет на анализа. Останува да ги консолидираме впечатоците и да се подготвиме што е можно подобро за натпреварите од следната фаза, изјави Нацева.

Шефот на стручниот штаб, Индира Кастратовиќ вели дека шанса за настап ќе добијат ракометарките кои на претходните дуели имаа помала минутажа.

-Ни еден натпревар не може да биде релаксиран. Ваквите натпревари дури знаат да бидат многу потешки отколку против некој посилен ривал, затоа што ракометарките може да се опуштат. Ние цела недела се трудиме и на тренинзите да има некоја тензија, како да играме со силна екипа. Натпреварот в сабота ќе биде добара шанса за сите оние кои немаа толку шанса да играат, ќе добијат поголема минутажа и се надевам дека тоа ќе го сторат на највисоко ниво, рече Индира.

Француската репрезентативка, Сираба Дембеле очекува добар натпревар и секако триумф.

Мора да одиграме добар натпревар, да одиграме за победа, сигурна сум дека ќе прикажеме добар ракомет. По овој меч ќе одиме со нашите национални тимови, па сакаме со победа и со позитивна атмосфера да го завршиме овој дел од сезоната, рече Дембеле.