Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. 2004 и 2005 утре гостуваат кај екипата на Скопје
Вардаровите генер. 2004 и 2005 утре гостуваат кај екипата на Скопје

Вардаровите генер. 2004 и 2005 утре гостуваат кај екипата на Скопје

Вардаровите генерации 2004 и 2005 во текот на утрешниот ден ги очекуваат гостински натпревари во рамките на регионалната-скопска лига, на кои противник ќе ни биде екипата на Скопје. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.

Генерацијата 2004 на Вардар ќе има тешка задача да го одбрани трофејот од минатата сезона, со оглед дека Работнички изби прв на табелата со 4 бодови повеќе, но и меч повеќе од екипата на Вардар. Градскиот ривал не би требало да има проблеми да ја задржи лидерската позиција до крајот, со оглед дека го очекуваат натпревари против екипи, кои немаат квалитет да направат изненадување, тоа се Скопје и Форца, додека едно коло се слободни ( тоа е дуелот со Македонија Ѓ.П). За Вардар останува да ги добие останатите четири дуели и да се надева на евентуален кикс на Работнички, кој своето коло го одигра порано и тоа славеше на гостувањето кај Шкупи и тоа убедливо со резултат 3:0. Во есенскиот дел, црвено-црните на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Скопје со резултат 9:1.

Голема борба за титулата води и генерацијата 2005 на ФК Вардар, кои се наоѓаат на првото место на табелата, пред екипата на Кул која ни е најголем конкурент за титулата. Во оваа генерација, вардарци сами си решаваат за првото место, односно ако ги добиеме сите останатите четири дуели, тогаш и ќе бидеме шампиони во дебитантската сезона во ова натпреварување. Вардар го совлада истиов противник во есенскиот дел, на домашен терен, со резултат 6:2.

До крајот на сезоната двете генерации на Вардар ги очекуваат гостински дуели со Скопје и Кул, додека на домашен терен ги пречекуваме екипите на Форца и Драчево Јуниор.