Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на 23.првенствено коло кај младинските фудбалски категории и дуелите со Работнички
Преглед на 23.првенствено коло кај младинските фудбалски категории и дуелите со Работнички

Преглед на 23.првенствено коло кај младинските фудбалски категории и дуелите со Работнички

Екипата на Работнички беше противник за вардаровите екипи, во рамките на 23.коло, дуели на кои остваривме една победа, еден нерешен резултат и два порази.

Помладите пионери за прв пат во пролетниот дел загубија бодови, откако одиграа со нерешен резултат (1:1) на гостувањето кај Работнички. Противникот прв поведе, но црвено-црните израмнија во вториот дел со погодокот на Лео Андрески. Вардар и понатаму е прв на табелата со 54 бодови, додека Победа е втора на табелата со 47 освоени бодови, прилепчани во ова коло на домашен терен ја совладаа екипата на Њу Старс. Избраниците на Деспотовски имаат контрола на табелата, а до крајот на сезоната остануваат уште четири кола за одигрување. Во следното Вардар е домаќин на екипата на Шкупи, додека Победа гостува кај екипата на Брегалница.

Пионерите со два последователни порази си го комплицираа задржување на првото место и одбраната на шампионската титула. После домашниот неуспех против Ренова, избраниците на Кралевски беа поразени и во дербито од екипата на Работнички, која ја намали бодовната разлика на само два бода. Вардар остана прв на табелата со 46 бодови, додека втора е Академија Пандев која има 45, а на третото место е Работнички со 44 бодови. За потсетување до пред само седум дена, вардаровите пионери имаа седум бодови повеќе од струмичани и осум од екипата на Работнички. Отежителна околност за Вардар е тоа што во рамките на претпоследното коло ќе гостува во Струмица, на екипата на Академија Пандев, додека во последноото коло на домашен терен ја пречекуваат Шкендија.

Кадетите на Вардар и трет пат сезонава беа поразени од градскиот ривал, тимот на Работнички и на тој начин останаа на 6.место на табелата, позиција на која најверојатно ќе завршат и после одигрување на последните четири кола. Во оваа категорија, прва е Шкендија со 58, додека Македонија Ѓ.П има 55 бодови, што значи дека се води неизвесна борба за титулата.

Младинците оваа сезона се супериорни во дуелите со екипата на Работнички, ова беше нивна трета победа во меѓусебните дуели во младинската супер лига, а две имаат и во рамките на националниот куп. Се поизвесно е дека Шкендија ќе го одбрани трофејот во младинската лига, со оглед дека има 8 бодови повеќе од Вардар, а нашите младинци во последното коло ќе гостуваат во Тетово.

Во следното 24.коло кое на програмата е претстојниов викенд, пионерските екипи се домаќини на Шкупи, додека кадетите и младинците гостуваат на истиов противник.