Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Град Скопје изгласа финансиска помош за ФК Вардар
Град Скопје изгласа финансиска помош за ФК Вардар

Град Скопје изгласа финансиска помош за ФК Вардар

На седница, на советот на Град Скопје, беше изгласана финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар. Со 34 за и само еден воздржан беше усвоен предлогот од докторот Никола Пановски, за да му се додели финансиска помош на клубот.

За сумата која треба да му се додели на ФК Вардар ќе одлучува градоначалничката Даниела Арсовска соодветниот градски сектор.

Усвоен е и заклучок со кој се овластува градоначалничката за издвојување на сума на пари за помош и изнаоѓање на најповолниот начин како да се реализира оваа помош.