Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прва победа на подготовките во Златибор, Вардар подобар од Бокељ
Прва победа на подготовките во Златибор, Вардар подобар од Бокељ

Прва победа на подготовките во Златибор, Вардар подобар од Бокељ

Вардарци ја забележаа првата победа на подготовките во Златибор, откако попладнево беа подобри од екипата на Бокељ од Црна Гора со резултат 2:1.

Вардар на полувреме имаше водство од 2:0. Резултатот го отворивме преку капитенот Дарко Мицевски кој погоди од белата точка во 15.минута, додека во 40.минута стоперот Мишковски ни донесе водство од 2:0.

Во вториот дел, во 62 минута, противникот постигна почесен гол за да намали на 1:2, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Вардар: Гачевски, Глишиќ, Мишковски, Вецески, Брдаровски, Мицевски, Николовски, Педрињо, Трајкоски, Цветаноски и Десниќ.

Играа уште и Јовчев, Цветков, Велковски, Папули, Блажевски, Жоглев, О.Здравковски, Лемос, Гаштаров, Спасиќ и Николовски.