Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа.
Вардар, доколку го мине големиот фаворит Рајн Некар Левен, ќе биде дел од групата А и би играл против францускиот Нант, шведскиот Кристијанштад и португалската Бенфика, каде што игра Филип Талески.
Групната фаза стартува на 17 октомври, а до декември ќе бидат одиграни шест кола. Првите две екипи во групата продолжуваат во главната рунда и ги пренесуваат бодовите од групната фаза.