Овој викенд се игра градската пресметка помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Овој дуел предвидено беше да биде одигран во стандардниот термин в недела, но ќе се одигра в сабота од 14.00 часот на Градскиот стадион во Скопје.
Ова ќе биде уште еден во низата тешки дуели за тимот на Вардар. Играчите на Јаневски ќе се обидат со победа да останат конкурентни во борбата за титулата, доколку загубат бодови од овој дуел, ќе биде многу тешко да се стигне разликата на првопласираната екипа на табелата.
На саботниот меч во тимот на Вардар се враќа Брдаровски кој ќе конкурира за настап.