Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров нема да биде во комбинација ниту за неделниот натпревар против нашиот Вардар.
Лазаров сеуште не е доволно опоравен по повредата која ја доби на ЕП во Хрватска против селекцијата на Шпанија.
Со неиграњето на Лазаров се отвара голема можност за “црвено – црните” да слават уште една победа и теоретски да си го обезбедат првото место во својата група и директниот пласман и оваа година во 1/4 финалето.
Дуелот на Нант и Вардар ќе биде одигран в недела.