Победата против Пик Сегед беше вкупно 45-ти триумф за тренерот Раул Гонзалез, како предводник на Вардар во Лигата на Шампионите. Шпанскиот стручњак беше промовиран во нов тренер на црвено-црните на точно половина од сезоната 2013/14, односно на јавноста Рал како тренер на Вардар беше промовиран на 23-ти јануари 2014 година. Тој дебитираше со победа, но на пријателски натпревар одигран на Кале, против екипата на Веспрем. Првата победа во ЛШ, ја оствари веќе на својот прв меч на клупата на македонскиот шампион, кога во С.Ц. Борис Трајковски ја совладавме екипата на Динамо Минск. Потоа следуваше и нов триумф повторно на домашен терен против Вакер Тун, додека првиот пораз на Гонзалез како тренер на Вардар го доживеа од екипата на ПСЖ. Истата сезона во осминафиналето го елиминиравме Хамбург, откако на домашен терен одигравме со нерешен резултат, а направивме сензација во Германија. Во четврфиналето, по една победа за Вардар и Фленсбург, но противникот беше посреќен и само поради повеќе постигнати голови на гостински терен ни ја скратија можноста да играме на Ф4.
Во сезоната 2014/15 имаше осум победи со Вардар во Лигата на Шампионите, пет порази и еден нерешен резултат. Следната 2015/16 сезона Вардар стигна до четвртфиналето каде беше елиминиран од Веспрем и во таа сезона имавме десет победи, шест порази и два нерешени резултати. 14 победи Во најдобрата досега историска 2016/17 сезона за Вардар во која станавме шампиони на Европа, имавме неверојатни 14 победи и само четири порази. Оваа сезона во рамките на групата А, црвено-црните имаат девет победи, два нерешени резултати и само еден и единствен пораз и се на добар пат втора сезона по ред да се пласираат во четврфиналето на ЛШ.
На тој начин, за овие четири години како предводник на Вардар, Гонзалез има вкупно 45 победи. Со оглед дека ова се последните негови месеци на клупата на актуелниот Европски шампион. останува да видиме дали може да направи и да надмине јубилејна 50-тка и на најдобар можен начин да замине од Скопје.