Ракометарките на Вардар, Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер се наоѓаат во ТОП-5 листата на најдобро платени играчи во женскиот ракомет. Нивната годишна плата во Вардар изнесува 205 илјади евра, што ги прави меѓу најдобро платените ракометарки. Местото број еден е за Кристина Неагу, која со преминот од Будуќност во ЦСМ Букурешт стана најплатен игра, односно нејзините годишни примања се 265.000 евра. На второто место се наоѓа Нора Мерк која нстапува за Ѓер, клуб кој за репрезентативката на Норвешка одвојува 240.000 евра. Оваа листа ја затвара, Катарина Булатовиќ која настапува за Ростов и зема плата на годишно ниво од 180.000 евра.
За Лекиќ и Лакрабер оваа е последна сезона во дресот на Вардар. Веќе и двете ракометарки се најдоа нови клубови за следната сезона. Така Лакрабер ќе се врати во Франција, каде ќе настапува во екипата на Флери, додека Лекиќ стави договор на две години со ЦСМ Букурешт, кој од следната сезона ќе има најголем буџет во женскиот ракомет.