Во недела, на 25.фебруари ракометниот клуб Вардар во рамки на претпоследното коло од групната фаза во ЕХФ Лигата на Шампионите гостува кај екипата на Нант во Франција. Европската куќа на ракометот за овој дуел кој ќе се игра со почеток во 17-00 часот делегираше судиска двојка од Исланд.
Правдата во ова 13.коло од групната фаза ќе ја делат Јонас Елиасон и Антон Палсон од Исланд. За ЕХФ делегат е делегиран Дагфин Вилангер од Норвешка.