Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кошарка: Купот шампионките ги чекаат првенствени обврски овој викенд, вардарки домаќини на Пелистер
Кошарка:  Купот шампионките ги чекаат првенствени обврски овој викенд, вардарки домаќини на Пелистер

Кошарка: Купот шампионките ги чекаат првенствени обврски овој викенд, вардарки домаќини на Пелистер

Изминатиот викенд   ЖКК Вардар втора година по ред му се радуваше на трофејот во Купот на Македонија. Тие  во финалето кое се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со 72-50 (36-26) славееа над  ривалот во македонската кошарка ЖКК Бадел.  Од овој викенд продолжуваат дуелите во кошаркарската прва лига, вардарки се домаќини на екипата на ЖРК Пелистер од Битола.

2

Девојките од Вардар токму со “зелено-белите“ се сретнаа во полуфиналето од Купот во Кавадари, тогаш лесно триумфиравме со резултат 84-33 (30-20) и “визиравме“ финале. Натпреварот кој е дел од 2. коло втор дел од сезоната се игра задутре, сабота 24.фебруари. Дуелот кој ќе се игра во малата сала “Кале“ е закажан со почеток во 18-00 часот.