Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во петок кадетите и младинците се домаќини на Работнички, додека во сабота пионерските екипи гостуваат на Алумина на истиов противник
Во петок кадетите и младинците се домаќини на Работнички, додека во сабота пионерските екипи гостуваат на Алумина на истиов противник

Во петок кадетите и младинците се домаќини на Работнички, додека во сабота пионерските екипи гостуваат на Алумина на истиов противник

Второто коло во првенството на младинските фудбалски категории, генерациите на ФК Вардар ќе го одиграат во петок и сабота. Кадетите и младинците во петок на теренот во населбата Јане Сандански се домаќини, додека во сабота пионерските екипи гостуваат на алумина, на екипата на Работнички.

Вардаровата генерација “2002“ или помладите пионери со победа ја започнаа дебитанската сезона во првенството, откако во првото коло убедливо на гостински терен ја совладаа екипата на Ренова. Во оваа возрасна генерација, екипите на Вардар и Работнички добро се познаваат, всушност тие беа нашиот најголем ривал минатата сезона за освојување на трофеите, кои на крај им припаднаа на Работнички, како во лигата така и во купот на Македонија. Избраниците на Љупчо Марковски ќе имаат шанса за слатка “одмазда“ уште на стартот од сезоната. Ова е дерби натпревар на колото и очекуваме да гледаме квалитетен и неизвесен натпревар. Последните три меѓусебни дуели ги доби екипата на Работнички. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 10:00 часот.

После нерешениот резултат против Ренова, пионерите на Вардар ја бараат првата победа во новата сезона. И оваа наша генерација ќе биде пред тежок испит и предизвик, со оглед дека Работнички е актуелен освојувач во оваа возрасна генерација, откако минатата сезона како помлади пионери го освоија првото место во првенството. Последниот дуел на овие две екипи се одигра минатата сезона на теренот на академијата, кога Вардар славепе убедливо со резултат од 4:1. Сега играме на теренот на противникот, кој тешко е освоив за другите екипи. Се надеваме дека Сашо Тодоровски ќе подготовки добра тактика за овој дуел и дека на крај Вардар ќе се радува на бодовите од овој дуел, кој се игра од 12:00 часот.

Кадетите се домаќини на Работнички, натпревар кој се игра утре од 10:00 часот. Избраниците на Влатко Колев со победа ја отворија сезоната, исто така на домашен терен кога ја совладавме Ренова. И во оваа возарасна генерацијата, двете екипи добро се познаваат, истите го играа финалето на купот на Македонија, каде Вардар беше поуспешен со резултатски пресврт, за на крај да слави со 1:2. Исто така последниот меч во првенството на Работнички и Вардар, одигран на теренот на академијата им припадна на нашите надежи, кои славеа тогаш со резултат од 4:2. Натпреварот во петок започнува од 10 часот.

По максимален број на освоени бодови во првите две кола атакуваат и младинците, кои со висок триумф ја започнаа сезоната, во рамките на првото коло против Ренова. Минатата сезона во оваа генерација родени “1999“ година, битката за титулата ја доби екипата на Работнички, која успеа да не победи на двата натпревари. Во петок би требало да гледаме друг натпревар, каде улогата на фаворит треба да ја има екипата на Вардар. Се надеваме на добра игра на нашите момци и освојување на нови бодови на стартот од сезоната. Дуелот со градскиот ривал започнува од 12 часот.