Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоше Ончев: Се надевам дека и во иднина ќе добивам поголема шанса на другите натпревари каде ќе можам да се докажам повеќе
Тоше Ончев: Се надевам дека и во иднина ќе добивам поголема шанса на другите натпревари каде ќе можам да се докажам повеќе

Тоше Ончев: Се надевам дека и во иднина ќе добивам поголема шанса на другите натпревари каде ќе можам да се докажам повеќе

Вардар стигна до нова победа во СЕХА-лигата, вкупно втора за нашиот шампион во новата сезона на ова натпреварување. Во вторникот убедливо на домашен терен го победивме тимот на Горење (32:19) и покажавме дека и оваа сезона ќе атакуваме на трофејот во СЕХА-лигата. Новитет оваа сезона во екипата на Вардар е настапот на тројца играчи од втората екипа на Вардар, кои се повеќе добиваат шанса од тренерот Гонзалес на стартот од сезоната. Еден од нив е младиот Тоше Ончев, кој може да настапува на позициите лев бек и лево крило, а против Горење играше на позицијата лево крило, место Владо Недановски. Ончев успеа да се запише во листата на стрелци на мечот против Горење, постигнувајќи еден гол. За нашиот сајт, тој ги сподели впечатоците од триумфот, со надеж дека ќе добива шанса за игра и на другите натпревари.

-Во првото полувреме имавме неколку технички грешки кои што успеавме да ги елиминираме во второто полувреме каде што изигравме максимално мотиварано и концентрирано и каде што беше јасен победникот. Благодарам за укажената шанса на овој натпревар, која што мислам дека добро ја искористив, но секогаш може и подобро. Се надевам дека и во иднина ќе добивам и поголема шанса на другите натпревари каде што ќе можам да се докажам повеќе. Натпреварот со Брест ќе биде многу добар натпревар, затоа и е меч на колото. Очекувам добра игра како на претходните мечеви и секако продолжување на победниќката серија.

Звонко Ивановски