Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Блок картата за сите три домашни натпревари за Комити ќе изнесува 600 денари, следува и маица
Комити: Блок картата за сите три домашни натпревари за Комити ќе изнесува 600 денари, следува и маица

Комити: Блок картата за сите три домашни натпревари за Комити ќе изнесува 600 денари, следува и маица

Комитите излегоа со важни информации за натпреварите во Лигата на Европа и за натпреварот во сабота против Силекс. Во соопштението на Комити се вели:
Започнува Црвено Црниот Евро сон…
Времето не можеше подобро да се поклопи, 70 години од Формирањето на Фудбалскиот клуб Вардар и 30 години од нашето основање…
Последната увертира пред остварувањето на сонот, Вардар ќе игра во Фазата по групи од едно Европско натпреварување…противникот сега не е важен, важна е поддршката која треба да ја дадеме на ваков натпревар, каде главна цел не е само победата туку да се сочува тимот одморен и свеж и спремен за најважните натпревари во кариерите на повеќето играчи, а секако за нас и најважните во нашите животи, од кои првиот против Зенит е веќе следниот Четврток, 14.09 (за овој натпревар дополнително ќе бидеме ажурирани со информации наскоро)…
Се поклопуваат коцките, токму на овој натпревар ќе бидат пуштени во оптек Блок картите за Западната трибина за Комити, кои ќе можат да се подигнат единствено на лице место на Западна трибина…
Блок картата за сите три домашни натпревари за Комити ќе изнесува 600 денари…
Со Купувањето на Блок картата не само што ќе се добие можност за следење на Евро натпреварите туку и следува маица во изработка на н.г. Комити Запад…
Во опција е и поделба на сезонски билети за Западната трибина за сезоната 2017/2018 со секоја купена Блок карта (дополнително Потврда на информациите во текот на утрешниот ден)
Момци, соништата се остваруваат кога вистински се посакуваат, кога желбата е толку голема, кога сите молитви наши искажани низ годините се ислушани…Ова го заслуживме сите ние, а во Сабота нека се тресе стадионот, нека нашите јунаци добијат крилја и елан да ја прескокнат оваа мала психолошка пречка, која надминувајќи ја се здобиваме со огромна самодовреба, која толку ни е неопходна за во Четврток…

СИТЕ НА СТАДИОН!!!

НАСКОРО! Најава и Агенда за прославата 30 години Комити Запад & 70 години ФК Вардар