Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: “Журката“ продолжува во петок против Брест Мешков
Комити: “Журката“ продолжува во петок против Брест Мешков

Комити: “Журката“ продолжува во петок против Брест Мешков

Во петок Вардар го очекува нов натпревар во СЕХА-лигата, каде за противник ќе ја имаат екипата на Брест Мешков. Во првите две кола од ова натпреварување, црвено-црните ги победија екипите на Металург и Горење и на двата меча беа присутни околу стотина Комити, кои најавуваат дека оваа сезона ќе бидат осмиот играч на РК Вардар, во одбрана на трофеите. Во најавата за натпреварот со Брест Мешков, Комити го напишаа следново:

-Во Јане Сандански се случи една спонтана и непланирана журка. Траеше од почетниот свиреж на судијата до самиот крај на натпреварот. На трибината лудуваа Комити а Вардар на теренот газеше против Горење од Велење. Журката продолжува веќе во Петок, на исто место во исто време, само името на противникот е различно. На трибината е пронајдена хемијата и вистинскиот извор на овој адреналин, тоа е нашето единство и љубовта кон клубот која е силна и бескрајна. Придружете ни се, почуствувајте ја новата енергија која владее во нашиот коп.