Веќе утре ФК Вардар го очекува нов натпревар. Во рамките на 25 коло во ПМФЛ Вардарци ќе му бидат домаќини на градскиот ривал екипaта на Работнички. Овој натпревар е од посебна важност за нашите црвено – црни играчи, преостануваат уште три натпревари до почетокот на плеј – офот, па најважно е со што поголема предност да влеземе на тие завршни пет натпревари.
Работнички моментално е во лоша форма, па нашите играчи тоа мора да го искористат и да запишат уште една победа. Работнички моментално се наоѓа на 5 место на табелата со 33 освоени бодови. Овој натпревар ќе се одигра утре под рефлектори со почеток во 18 часот. Дојдете сите на стадион да му дадеме максимална поддршка на ФК Вардар. (За овој натпревар отворена ќе биде само јужната трибина).