Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Еуромилк е следен предизвик за Вардаровите генерации во пренството на младинските фудбалски категории
Еуромилк е следен предизвик за Вардаровите генерации во пренството на младинските фудбалски категории

Еуромилк е следен предизвик за Вардаровите генерации во пренството на младинските фудбалски категории

Утре продолжуваат натпреварите од 15 коло во првенството на младинските фудалски категории. Ова коло требаше да биде одиграно изминатиов викенд, но истото беше одложено поради настапот на Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на турнир во Босна и Херцеговина. Сепак Вардаровите генерации го искористија слободниот викенед да одиграат меѓусебни контролни натпревари.

-Помладите пионери ја подигнаа самодовербата после прват пролетна победа на гостувањето во Битола, што треба да претставува знак и за нов триумф во дуелот со екипата на Еуромилк. Во есенкиот дел со истиов противник забележавме убедлива победа од 0:4. Тогаш стрелци на головите беа Виктор Мирчевски, Ибрахим Ариф, Марио Асенов и Матеј Николов. Вардарци после одигрување на 14 коло се вратија на врвот на табелата со два бода предност пред Работнички и три во однос на Шкендија. Мечот со Еуромилк ќе се одигра на теренот во Марино со почеток од 10 часот.

-Фаворитската улога во дуелите со Еуромилк, треба да ја оправдаат и повозрасните пионери кои исто така се домаќини. Натпреварот ќе биде одигран од 12 часот. Во есенскиот дел славевме со минимални 0:1, со погодокот на Александар Ѓеоргиевски. Во минатото коло Вардар беше подобар од Пелистер и изби на второто место на табелата со само еден бод помалку од првопласираната Шкендија.

-На теренот на Цементарница ќе гостуваат кадетите во дуелот со врсниците од Еуромилк. Избраниците на Влатко Колев одлично го започнаа пролетниот дел од сезоната, каде имаат две победи и еден нерешен резултат. На првиот натпревар на домашен терен бевме подобри од овој противник со резултат 3:1. Два гола постигна Дамјан Менскиноски и еден Александар Трајчевски. Натпреварот утре ќе започне од 14 часот. Да потсетиме дека Вардар е на треттото место на табелата со четири бода помалку од Металург, кој е лидер во оваа генерација.

Последни кои ќе настапат во дуелите со Еуромилк се нашите младинци, кои ќе играат од 16 часот на истиот терен како кадетите. Улогата на фаворит се препишува на Вардарци кои се на делба на првото место на табелата со ист број на освоени бодови со екипата на Шкендија. Во есенскиот дел дома го победивме Еуромилк со 4:1. Јасир Беќири беше стрелец на два гола, по еден дадоа Кристијан Апостоловски и Ердон Даци. Со триумф би го дочекале следното коло и дербито со Тетовска Шкендија.