Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите подобри од пом. пионери, младинците од кадетите во меѓусебни контролни натпревари
Пионерите подобри од пом. пионери, младинците од кадетите во меѓусебни контролни натпревари

Пионерите подобри од пом. пионери, младинците од кадетите во меѓусебни контролни натпревари

Денес на теренот во населбата Марино меѓусебни пријателски натпревари одиграа Вардаровите генерации. Помладите пионери против пионерите и кадетите против младинците на ФК Вардар. Секако поуспешни во овие дуели беа повозрасните генерации.

Пионерите беа подобри од помладите пионери. конешниот резултат на овој дуел гласеше 6:1. По првото полувреме резултатот беше 2:1. Стрелци на головите за пионерите беа Јакуп бериша (2), Марко Ѓоргиевски, Кренарт Дардлиша и Кристијан Ристевски и еден авто гол.

Младинците пак ги победија кадетите со резултат 4:0. Предност имаа и по првото полувреме кога на краток одмор се замина со резултат 2:0. Два погодоци на овој меч постигна Јасир Беќири, по еден дело беа на Стефан Тасевски и Кристијан Апостоловски.

Овие натпревари беа загревање за нашите генерации, кои во среда ги играат првенствените натпревари од 15 коло, против екипата на Еуромилк. Пионерските екипи се домаќини на теренот во Марино, додека кадетите и младинците ќе играат на гостински терен.