Вечерва во спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра првиот четвртфинален меч во женскиот сегмент на европската женска лига на Шампиони. Црвено-црните девојки беа домаќинки на норвешкиот шампион Ларвик, тие ги понижиа гостинките со резулат 34-20.
Први со два гола овој четвртфинален меч го отворија избраничките на Кастратовиќ со голот на Барбара Лазовиќ и Радичевиќ поводеовме со 2-0 на почетокот. Гостинките од норвешка намалија на 2-1, но нивната радост траеше кратко ние преку Лазовиќ двапати и Пенезиќ зголемуваме на 5-1 по што гостинската клупа повика минута одмор. Тајм-маутот не им помогна многу промашија четири напади по ред, а Лекиќ и Пенезиќ тоа го казнуваат, резулатот по 10минути игра е 7-1. Лејно повторно и овој меч брани на ниво кое ја познаваме во 12 минута веќе има 5 одлични интервенции зад своето име, Лекиќ го награди со два гола за 9-1 што резултираше со втор тајмаут по само една четвртина од мечот. Повторно вардарки по гостински тајм-маут подобро се снаоѓаат. Лејно брани пак фантастично , а ние зголемуваме со три нови гола на 12-1. Конечно во 18 минута по 16 минути “пост“ гостинките го постигнаа нивниот втор гол. Лејно е девојка од друга планета, во 21 минута има примено 3 гола, а нареди 12 успешни интервенции. Користејќи го исклучувањето на Кликовац гостинките го ублажува нашето водство во 25 минута резулатот е 13-5. По ова продолжение во следните 4 минути норвежанките прават серија 0-4 за намалување на 15-9, по што Кастаровиќ-Камара повикаа минута одмор. Што резултираше со гол на Радичевиќ, добра одбрана и две одбрани на Лејно. На одмор се замина со 16-9.
Како и првиот дел така и вториот го отвараме со погодок на Барбара Лазовиќ, по што гостинките постигнуваат два гола во серија во 33 минута резултатот е 17-11. Ние брзо возваќаме во следните две минути со три погодока, со голот на Алхаус поведуваме со 20-11 во 35 минута. Гостинките постигнуваат два гола едноподруго, но и ние веднаш враќаме со иста мера и се враќаме на девет плус, резулатот на семафорот е 22-13. Гостинките даваат гол, но ние одговараме со два погодока и преку Лекиќ одиме на двоцифрена предност 24-14 во 13 минута по што гостите се решаваат да го искористат својот трет тајм-маут. Во следните 7 минути игра гол за гол на двете страни, ние со голот на Лекиќ во 20 минута поведуваме првпат на 28-18. Потоа од конта погодува Радичевиќ, пак брани Лејно и Лекиќ првпат не носи на 12 плус , резултатот е 30-18. Не намалуваме со темпото, водството го носиме е високо нашите девојки денес одиграа фантастичен меч, преку Сара Ристовска во 29 минута поведуваме со 14 плус, односно 33-19. Докрајот уште по еден гол во двете мрежи, мечот заврши 34-20.
Најефикасни кај нас беа : Пенезиќ со 8, Лазовиќ 6, Радичевиќ 5 и Лекиќ со 4 гола.