Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лука Грчевски најдобар голман на турнирот во Бугарија, Слободан Мутибариќ ја освои својата 50.јубилејна награда како тренер на голманите во Вардар
Лука Грчевски најдобар голман на турнирот во Бугарија, Слободан Мутибариќ ја освои својата 50.јубилејна награда како тренер на голманите во Вардар

Лука Грчевски најдобар голман на турнирот во Бугарија, Слободан Мутибариќ ја освои својата 50.јубилејна награда како тренер на голманите во Вардар

Прво место за вардаровата генерација 2008 на турнирот „Тракиски Хотелиери“ во Бугарија. Во конкуренција на 11 екипи, избраниците на Влатко Колев успеаа да се закитат со златниот медал. На целокупниот турнир одигравме вкупно шест натпревари, на кои забележавме пет победи и само еден пораз. Во големото финале ја надигравме екипата на Левски Софија, која ја совладавме со резултат 4:1.

vardarfans-najdobar-golman

Вардаровиот бисер на голот, Лука Грчевски продолжува со традијата да освојува признанија за најдобар голман, на турнирите каде настапува неговата генерација. Лука повторно беше одличен и со своите одбрани имаше голем придонес во освоениот златен медал на Вардарци и на крајот беше прогласен за најдобар чувар на мрежата. Инаку ова беше и јубилејна 50. освоена поединечна награди и за тренерот на голмани кај петлињата на Вардар, се работи за Слободан Мутибариќ кој исто така има голема заслуга за добрите настапи на нашите голмани на турнирите.

Посебен впечаток кај присутните менаџери на турнирот во Бугарија, остави и младиот Лука Трпевски, кој настапува за генерацијата 2008 на Вардар, а се работи за играч роден 2010 година. Несомнено големи таленти има вардаровата Академија