Фудбалерите на ФК Вардар под тренерската палка на Бобан Грнчаров продолжуваат да редат победи и само победа. Имено, следниот податок врзан со стратегот на тимот и ,,црвено – црните” фудбалери е за секоја почит и влева дополнителна надеж дека токму оваа сезона ќе биде сезона на ФК Вардар.
Откако дојде во тимот, Бобан Грнчаров го водеше Вардар на седум натпревари и запиша исто толку победи. Дека ФК Вардар игра друг, убав, модерен фудбал под палката на Грне говорат и резултатите. Исто така вреди да се напомене дека одбраната на тимот е фантастична, па така веќе неколку натпревари е без примен погодок.
Серијата на Грне и Вардар треба да продолжи идната сабота и тоа на дуел во Радовиш кај Детонит Плачковица, каде Вардар не гостувал долги години.