Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тошевска донесе “бронза” во 60.минута, ЖРК Вардар го совлада Борац
Тошевска донесе “бронза” во 60.минута, ЖРК Вардар го совлада Борац

Тошевска донесе “бронза” во 60.минута, ЖРК Вардар го совлада Борац

ЖРК Вардар го освои третото место на турнирот „Ѓорче Куп 2022“ откако со гол во последната минута го победија тимот на Борац Бања Лука, 26-25. Во меч полн со неизвесност каде прво Вардар имаше иницијатива и предност од неколку гола, а како одминуваше натпреварот така се менуваше и резултатот. Победникот се решаваше во последните моменти

Борац имаше предност од 24-22 во последните минути, а Вардар направи целосен пресврт и прво израмни на 25-25, а потоа и постигна гол за радост на клупата.

Магдалена Тошевска го постигна победничкиот гол за Вардар во последната минута, оставајќи им шанса и време на гостинките од БиХ да организираат напад. Но, тие не успеаја да ја пробијат одбраната на скопјанки, и беа принудени да направат грешка. Така вардарки можеа да почнат и да слават.

Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со 11 гола, пред Магдалена Тошевска со 7 гола.