Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров, по натпреварот против Реал Сосиедад истакна дека разликата во квалитет била евидентна и дека му ја честита победата на противникот. Исто така нашиот играч истакна дека Вардар имал шанси за гол, но не го искористил тоа.
”Имавме шанси да дадеме макар еден гол, Барсегјан излезе сам пред противничкиот голман но не го искористи тоа. Реал Сосиедад е поквалитетен противник, им честитам за победата, заслужено славеа. Разликата во квалитетот на двете екипи е евидентна, меѓу македонскиот и шпанскиот фудбал исто така беше очигледна. Ние дадовме 100% но не можевме да се носиме со Сосиедад. И благодарам на публиката што не поддржа” - изјави Грнчаров.