Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вилиан Хозе: Вардар не одигра лош меч, едноставно ние бевме многу супериорни во сите погледи
Вилиан Хозе: Вардар не одигра лош меч, едноставно ние бевме многу супериорни во сите погледи

Вилиан Хозе: Вардар не одигра лош меч, едноставно ние бевме многу супериорни во сите погледи

Најдобар играч на Сосиедад на гостувањето во Скопје беше напаѓачот Вилиан Хозе. Хозе успеа да го матира Гачевски дури на четири наврати. По натпреварот овој играч истакна дека Вардар не бил толку слаб противник колку што неговиот тим бил доминантен.

”Среќен сум што дадов четири гола за Сосиедад, поготово во Лига Европа. Знаевме каков тим е Вардар и со каков квалитет рапсолага, затоа игравме внимателно и не остававме простор. Исто како што игравме со Барса во Примера, игравме и со Вардар. Вардар не одигра лош меч, едноставно ние бевме многу супериорни во сите погледи“ – изјави Хозе.