Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кадетите и младинците домаќини на Милано, пионерските екипи гостуваат во Куманово
Кадетите и младинците домаќини на Милано, пионерските екипи гостуваат во Куманово

Кадетите и младинците домаќини на Милано, пионерските екипи гостуваат во Куманово

Во сабота и недела на програмата е осмото првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Кадетите и младинците во недела на теренот на академијата се домаќини на Милано, додека пионерскит екипи во сабота гостуваат во Куманово на истиов противник. Мечевите ќе започнат од 10 и 12 часот.

Помладите пионери после триумфот во дербито со екипата на Победа од Прилеп се искачи на првото место на табелата. Оваа генерација на Вардар е најдобрата од сите и пред одигрување на ова коло има шест победи и еден нерешен резултат. Се надеваме на добра игра на црвено-црните и продолжување на победничката серија која трае од третото коло. Со добри резултати не можат да се пофалат нашите пионери кои имаат само една победа, два порази и дури четири нерешени резултати. Во минатото коло на домашен терен доживеавме пораз од Победа, па сега да се надеваме на позитивен резултат од гостувањето во Куманово.

Кадетите одиграа со нерешен резултат во минатото коло против Победа. На домашен терен сме фаворити против Милано и очекуваме да се вратиме на победите во лигата. Младинците го доживеаа третиот пораз во првенството и се освен триумф против Милано ќе значи одалечување од борбата за титулата. Радува фактот што во екипата ќе се вратат Велковски Антовски, Колевски и Наумчески, кои беа дел од репрезентацијата до 18 години на контролните натпревари со Босна и Херцеговина. Со истиов противник игравме и во осминафиналето на купот, каде двете генерации на Вардар славеа победи и се пласираа во следната рунда од купот.