Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи
Јаневски: Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи

Јаневски: Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи

Нашиот фудбалски шампион не успеа ниту во третиот натпревар од групната фаза во лигата на Европа, да стигне до првите бодови. После поразите со Зенит и Розенборг, екипата на Реал Сосиедад покажа дека е далеку од Вардар и славеше на арената “Филип Втори“ убедливо со 6:0. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот, пред медиумите се обрати тренерот Јаневски, кој истакна дека ја превзема вината од големиот пораз на својот тим.

Ова е тежок пораз за нас како клуб, за играчите и за мене. Наидовме на многу подобар противник вечерва и после првата грешка бевме казнети и имавме негатива. После тоа можевме да израмниме, и да постигнеме гол кој што ќе ги сменеше работите на теренот, да добиеме еден поинаков натпревар. Тоа не се случи, а нашиот противник даде и втор гол. После два гола, тешко е да се вратиш со екипа која што секоја недела има вакви натпревари во своето првенство. Тоа се виде и на овој натпревар. Штета што на мечот не покажавме многу повеќе. Јас се извинувам на публиката за овој голем пораз. Тоа е моја грешка бидејќи јас го водам тимот и јас ги бирам фудбалерите. Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи. Жал ми е за навивачите, затоа што дојдоа во поголем број, навиваа од срце целиот натпревар.