Вардарци имаа згуснатиот распоред на играње мечеви во ЕХФ лигата на шампионите и регионалната СЕХА Газпром лигата. Следен предизвик за Вардар е гостувањето викендов во Словенија, кај екипата на Целје. Веднаш по тој меч следува мала пауза поради ЕХФ неделата кога во европскиот ракомет ќе има репрезентативните активности. „Црвено-црните” патуваат во Целје како лидери на табелата во СЕХА Газпром лигата со пет победи по ред.
Раул Гонзалес – Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме сега нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Одбраната е интензивна со голем притисок. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за сѐ, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Може и да имаат нови комбинации. Треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува.
Мијајло Mарсениќ – Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме.