Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Грозданоски е следен противник за вардаровите генер. 2005 и 2006, кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија
Грозданоски е следен противник за вардаровите генер. 2005 и 2006, кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија

Грозданоски е следен противник за вардаровите генер. 2005 и 2006, кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат 13.коло во рамките на регионалната скопска лига. Во ова коло ќе гостуваме на екипата на Грозданоски, дуели кои ќе бидат одиграни на теренот во Марино. Мечевите ќе започнат во термините од 11:00 часот ( генер.2006) и 12:30 часот ( генер. 2005).

Генерацијата 2006 на Вардар се наоѓа на првото место на табелата со максимални 33 освоени бодови. Во минатото коло „кикснаа“ екипите на Шкупи и Еуроспорт, кои одиграа со нерешен резултат во дуелите со Кул, односно Њу Старс, па сега разликата на табелата е осум бодови во корист на вардарци. Следниот наш противник, тимот на Грозданоски се наоѓа на 6.место на табелата со вкупно 19 освоени бодови. Оваа екипа на 11 одиграни натпревари има скор од 6 победи, 1 нерешен резултат и 4 порази.

2006

Генерацијата 2005 на Вардар има можност до крајот на есенскиот дел да стигне до првата позиција на табелата. Нивниот најголем конкурент за трофејот, екипата на Кул не успеа да слави во дуелот со Шкупи, одигра со нерешен резултат, па сега има само два бода предност во однос на црвено-црните, но и натпревар повеќе од Вардар. Доколку Вардар ги добие останатите дуели до крајот на полусезоната ќе се промовира во есенски шампион. Тоа да се случи, ќе треба најпрво да славиме во сабота против екипата на Грозданоски, која се наоѓа во долниот дел на табелата со само 8 освоени бодови.

2005