Викендов на програмата е последното, 13.коло во женската Скопско лига. Сениорките ќе го одиграат последниот дуел пред зимската пауза која следи. Во ова коло ЖРК Вардар е домаќин на екипата на РК Алушовски.
Натпреварот се игра задутре, сабота (07/12/2019) истиот е закажан со почеток во 11-30 часот. На мечот во „Јане Сандански“ судиската правда ќе ја делат следните арбитри: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје.
Ние сме апсолутен фаворит против екипата која е на претпоследната позиција на табелата, нашиот ривал има 4.бода на своето конто. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев имаат 20 бода повеќе односно 24 на своето досега. После овој дуел следи стандардната зимска пауза.