Во машката Супер ракометна лига викендов на програмата е 14.коло. Во истото момците на Стојан Петрушевски и Пепи Мансков, тимот на РК Вардар Јуниор се гости во Охрид против истоимениот машки ракометен колектив.
Домаќинот високо котира на првенствената табела, тие со 34.бода се на втората позизција со еден бод зад Металург на табелата и се аспиранти за плеј-оф сегментот каде на пролет ќе се приклучат и РК Вардар и Е.Фарм Пелистер кои поради обврските во ЛШ и СЕХА не играат во оваа фаза од првенството. Ние имаме 18.бода досега, на првиот меч оваа есен со истиот ривал, во „Јане Сандански“ дадовме силен отпор, дури водевме со еден гол на полувреме сепак бевме совладани од поискусните и повозрасни гостински играчи.
Натпреварот кој ќе се игра во салата „Билјанини Извори“-Охрид е закажан за задутре, сабота, 7ми декември со почеток во 18-00 часот. Правдата на ова соочување ќе ја делат: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје.