Лукман Харуна го одигра дебитантскиот натпревар во “црвено – црниот” дрес, Нигериецот доби шанса да се докаже од Јаневски и одигра 45. минути.
Неспорно е дека Харуна има квалитет, тоа се виде и на денешниот дуел, Нигериецот знае да задржи и да даде добар пас, загрижува само малиот радиус на движење, но, со оглед на тоа дека се работи за прв натпревар после подолг период, треба да се има трпение со физичката подготвеност на овој играч.
И на утрешниот меч со Дукла, Харуна ќе добие нова шанса да се докаже уште повеќе.