Абдула Хасани е еден од играчите кој во есенскиот дел од сезоната, паралелно настапуваше за две екипи на ФК Вардар, тоа се генерациите родени “2002“ и “2003“ година. Успеа и со двете екипи да стане есенски шампион, посебно голем подвиг направија помладите пионери кои го завршија првиот круг од натпреварувањето бе пораз, односно на 14 одиграни натпревари забележаа 13 победи и само 1 нерешен резултат. Хасани игра по средината на теренот и може да се каже дека од него започнуваат најголем дел од акциите на Вардар. Како тој ја виде изминатата полусезона со двете генерации на ФК Вардар.
-Секако дека сум задоволен како се движи сезоната како на персонален аспект така и на колективен, односно за нашата екипа. Моментално сме на врвот на табелата како со генерацијата 2003, така и со помладите пионери, што не значи дека треба да се опуштиме, туку овој успех мора да не потикнува да даваме се од себе на начин што на крајот би се крунисале со трофеј.
Абдула е стандарден во двата состави, кои ги предводат Горан Петрески и Сашо Тодоровски и важен дел од играта на овие екипи. Секако не е лесно во два дена да одиграш три полувремиња, но добрите резултати и на двата тима му даваат дополнителна енергија на талентираниот Хасани.
-Успехот на екипата мене ме исполнува со енергија, и не можам да кажувам дека ми е тешко. За мене и двете тренери се големи професионалци, од кои можеме да научиме многу работи. Кога играм со генерацијата 2003, секако дека сум поопуштен во психичка смисла затоа што сите сме иста генерација, додека со помладите пионери одговорноста е поголема имајќи во предвид желбата за да се докажам, и големата конкуренција на моите соиграчи, едноставно сите дечки поседуват талент и од нив се очекува голема иднина. Најверојатно ако продолжиме на овој стил и во пролетниот дел од сезоната, оптимист сум дека ке станеме шампиони, и ке го освоиме купот.
Хасани беше дел од подготовките на кадетите на ФК Вардар, предводени од Влатко Колев, кои се одвиваа на спортскиот комлекс во населбата Хиподром.
-Оваа недела бев повикан на карантин со кадетите во Хиподром. Таму условите се феноменални за тренирање, и ми е мило што тренирам со кадетите. Благодарност до тренерот Колев за повикот и одличните подготвени тренинзи во овие две изминати недели.
Добрите игри во црвено-црниот дрес беа добра препорака за селекторот Звонко Златновски да го повика Хасани, за контролните мечеви на репрезентацијата до 15 години, против соодветната селекција на Кипар. Тоа беше и деби за Абдула во националниот дрес.
-После моите одлични настапи со генерацијата 2003, и помладите пионери на Вардар, следуваше повик од младинската репрезентација на Македонија. Бевме во Кипар, и таму дојде моето прво деби во дресот на репрезентацијата на две пријателски натпревари против репрезентацијата на Кипар.
Абдула зад себе остави одлична година, со надеж дека оваа ќе биде уште подобра за него и екипите каде тој го дава својот придонес.
-Генерално гледано, 2017 беше одлична, и да даде Господ да ми се повторат уште многу вакви успешни години.
Звонко Ивановски