Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар продолжува со победите и се зацврсти на првото место на табелата, во новоформираната група 2
ЖРК Вардар продолжува со победите и се зацврсти на првото место на табелата, во новоформираната група 2

ЖРК Вардар продолжува со победите и се зацврсти на првото место на табелата, во новоформираната група 2

Се одигра првото коло во новоформираните две групи од женската Лига на Шампиони. Во групата 2, во која настапува Вардар, покрај нашиот клуб победи на стартот забележаа и екипите на ФТЦ и Турингер, односно како победници излегоа екипите кои се натпреваруваа со Вардар во првата групна фаза.

Вардар заслужено ја продолжија победничката низа ( триумф со резултат 29:23) во најголемото натпреварување, со оглед дека имаа водство против Мец, уште од самиот старт на мечот и не дозволија ниту во еден момент да ја испуштат. Имавме максимални седум голови предност во еден дел од првиот и највисоки осум голови во второто полувреме. Иако Мец се обидуваше да направи изненадување тоа не се случи, а единствено што успеаа да сторат е да намалат на три гола разлика во второто полувреме, откако првото заврши во наша корист со резултат од 15:9

Цвијиќ беше наша најефикасна ракометарка со 7 голови, додека кај противникот најдобра беше Сајка со 6 голови.

Екипата на ФТЦ Будимпешта го доби дербито против Будуќност и славеше убедливо со резултат од 34:26. В најголем дел од првто полувреме, шампионот на Црна Гора имаше предност, се до последните 70 секунди, кога домашната екипа со три голови во серија, на одмор замина со водство од 19:18. Многу лоша игра на Будуќност во вторите 30 минути, дел од мечот кога изгубија многу топки и направија неколку технички грешки, кои ФТЦ знаеше немилосредно да ги казни и од минута во минута да го зголемува водството. Малку недостасуваше да стигнат и до двоцифрена предност, кога резултатот на семафорот гласеше 32:23. На крајот убедлива победа на унгарките, кои широко им ги отвара вратите за пласманот во четврфиналето, иако има да се игра уште многу, ова е само прво коло од главната рунда.

Кај ФТЦ најефикасна беше репрезентативката на Холандија, Ван Дер Хејден која постигна 7 голови, додека кај поразените се истакнаа, Јауковиќ и Грбиќ кои постигнаа по пет голови.

Германското дерби во рамките на оваа група му припадна на Турингер, кој пред својата публика го совлада Битихајм. Тоа се први бодови за Турингер, кои славеа победа со резултат од 28:26. Во првото полувреме имаше мал број на постигнати голови, но Турингер имаше солидно водство од 12:8. Оваа предност беше решавачка за конечниот победник, со оглед дека ја одржуваа и во вторите 30 минути.

Очекувано кај победничкиот тим најдобар стрелец беше Лузумова со 10 погодоци, додека Малестеин постигна 6 голови кај Битихајм.

Вардар е лидер на табелата во новоформираната група, со четири бода повеќе од најголемите конкуренти за првата позиција.

1. Вардар  10

2. ФТЦ 6

3. Мец  6

4. Будуќност 4

5. Битихајм 2

6. Турингер  2.

Двојки за следното коло во групата 2 се:

Битихајм – Вардар

Мец – ФТЦ Будимпешта

Будќност – Турингер