Тимот на Вардар утре ќе го одигра и четвртиот пријателски дуел на зимските подготовки во Анталија, противник на “црвено – црните” ќе им биде тимот на Заглебје од Полска во кој настапува поранешниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски.
Ова ќе биде силен “тест” за вардарци бидејќи тимот на Заглебје игра одлично сезонава, по 21. одиграно коло овој тим се наоѓа на петтата позиција на табелата во Полска со само шест бодови заостанување зад лидерот Легија.
Во колку часот ќе започне овој дуел чекаме информации од клубскиот сајт на ФК Вардар.