Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Малик Хасановиќ: Среќен сум што успеав да постигнам три гола, тоа е само круна на одличното функционирање на тимот
Малик Хасановиќ: Среќен сум што успеав да постигнам три гола, тоа е само круна на одличното функционирање на тимот

Малик Хасановиќ: Среќен сум што успеав да постигнам три гола, тоа е само круна на одличното функционирање на тимот

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа и до вториот триумф сезонава, откако во рамките на дербито од младинската супер лига ја совладаа екипата на Пелистер. Голем дел од работите околу конечниот победник, црвено-црните ги решија во првото полувреме, кога имаа високо водство од 3:0, сепак во вториот дел и битолскиот тим успеа да постигне два гола, кои сепак не беа доволно да му се откине бод на Вардар. Одличен меч во нашите редови одигра Малик Хасановиќ, кој беше стрелец на сите три гола за младинскиот состав на Вардар. Во изјава  за нашиот сајт, Хасановиќ ги сподели впечатоците од триумфот во младинското дерби.

-Одлично го започнавме мечот и реализиравме рано што придонесе за потполна контрола врз играта. Пелистер се покажа како одличен противник, кој особено во второто полувреме влезе изненадувачки мотивирано и покрај тоа што имаа три гола негатива, но и со поголема доза на агресивност која за среќа не резултираше со несакани повреди. За разлика од нив ние бевме малку поопуштени, но сепак имавме неколку зрели шанси кои не ги реализиравме.

308

-Среќен сум што успеав да постигнам три гола, но сметам дека тоа е само круна на одличното функционирање на тимот. Мислам дека овој тим уште не го има постигнато нивото на кое може да игра, но дека дефинитивно има потенцијал да се бори за висока позиција во лигата.

Малик имаше неколку повреди минатата сезона, кои го одалечуваа од терените. Оваа сезона се врати на теренот и треба да биде еден од најголемите адути на тренерот Деспотовски, во борба за што подобар пласман на табелата.

-За себе можам да кажам дека после подолг временски период во кој имав неколку пехови со повреди и недоразбирања со претходните тренери, посакувам да се вратам во формата во која можам да напредувам и дадам поголем допринос. Благодарен сум на тренерот Деспотовски кој ми ја дава слободата во играта, но и ме обврзува да ја оправдам истата, изјави Хасановиќ