Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Малик Хасановиќ: Задоволен сум од досегашните мои настапи во Вардар, но сметам дека можам да допринесам многу повеќе

Малик Хасановиќ: Задоволен сум од досегашните мои настапи во Вардар, но сметам дека можам да допринесам многу повеќе

Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до треттата победа во лигата, откако на вчерашниот натпревар во Штип ја победија екипата на Брегалница. Иако домаќините рано го отворија резултатот и имаа водство по првото полувреме, во вториот дел следеше голеада на Вардар во противничката мрежа. Машите млади надежи триумфираа со резултат 1:4. Иницијатор на пресвртот беше Бојан Димоски, а нововлезениот Малик Хасановиќ само ја потврди победа. Тој успешно стрелаше за водство од 1:3, најавувајќи го полека триумфот. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата против Брегалница.

-Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме во кое бевме во негатива, сепак на самиот почеток на второто полувреме успеавме да изедначиме и да си дадеме доволно мотивација за преостанатиот дел од натпреварот. Набргу го постигнавме и вториот гол со кој бевме во предност, но знаевме дека со овој резултат не бевме безгрижни, затоа продолживме со иницијатива и понатаму со што успеавме да извојуваме убедлива победа.

Малик пристигна во Вардар пред почетокот на новата сезона, од екипата на Форца. Тренерот Сашо Јанев му дава солидна минутажа, со оглед дека допрва почнува да се вклопува во новиот систем на игра.

-Aтмосферата во екипата е добра и се чувствувам задоволен со оглед на краткиот изминат период во клубот. Тренинзите се извонредни како и системите на игра што ги спроведува нашиот тренер. Во досегашните настапи сум прилично задоволен, но сметам дека можам да допринесам многу повеќе. Мислам дека полека влегуваме во посакуваната форма но сеуште е рано да се зборува за крајниот резултат од оваа сезона. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме желбите и очекувањата, изјави Малик Хасановиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски