Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Петар Малевски: Добро се адаптирав во Вардар, очекувам “двојна круна“ со кадетите

Петар Малевски: Добро се адаптирав во Вардар, очекувам “двојна круна“ со кадетите

Стружанецот Петар Малевски е ново засилување за кадетскиот состав на фудбалскиот клуб Вардар. Тој на вчерашниот дуел во кадетската лига против Брегалнаца го имаше својот деби настап за составот предводен од Влатко Колев. Одигра одлично и ја задоволи довербата на тренерот на црвено-црните. Тој со фудбал се занимава од најмали нозе,  почнал да се дружи со топката   од седум годишна возраст кога почнал во екипата на ФК Искра јуниор. Потоа бил дел од екипите на ФК Караорман од Струга и ФК Младост од Царев Двор. Потоа преоѓа во редовите на најголемиот македонски клуб ФК Вардар.

Вчера одигравме еден прекрасен натпревар со екипата на штипска Брегалница. Во истиот ги исполнивме барањата на нашиот тренер Влатко Колев. Јас во оваа за мене нова средина се вклопувам од ден на ден се подобро. Може да кажам за крај дека од оваа сезона од кадетите на Вардар може да очекувате да атакуваме на двојната круна во Македонија и истата да ја освоиме- вели Петар за нашиот сајт.

Звонко Ивановски