Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победи во градското дерби со Работнички, остануваме лидери на табелата

Вардар победи во градското дерби со Работнички, остануваме лидери на табелата

Денес на најголемиот стадион во земјава арената “Филип втори“ се одигра градското дерби помеѓу црвено-црните и ФК Работнички. Вардар однесе минимална победа од 1-0 (1-0), со која остана лидер во ПМФЛ со 16 бода. Гоце Седлоски во мечот тргна со следниот состав:  На голот е Филип Гачевски, . Во одбраната Благоја Љамчевски заедно со капитенот Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Ховханес Хамбарџумјан. Средниот ред – Дарко Велковски, Стефан Спировски, Бобан Николов, Дамир Којашевиќ и Хуан Фелипе Алвес, додека во нападот ќе биде Џонатан Боарето.

36

Почнаа двата тима резервирано и претпазливо во овој дуел. Вардар играше повлечено па така првите три прилики ги забележаа “гостите“ денес. Тие имаа прилики преку Најденов , Ивановски и Елмас во првите седум минути, но ниту еден од овое обиди не беа доволно опасни да преставуваат опасност по голот на Филип Гачевски.  Во 12 минута “романтичарите“ имаа слободен удар изведе Сахити топката идеше под пречка, Гачевски успешно интервенираше. Во 15 минута прва прилика имавме ние преку бразилецот Фелипе кој што шутна одлично, но топката мина крај голот на Работнички. Седум минути потоа ние имавме слободен удар, повторно бразилецот се обиде овојпат топката идеше во голот сепак голманот на црвено-белите Шишковски успеја да одбрани. Се играше 28 минута од мечот  одлично дрибна а подоцна шутна  Боарето од 20 метри, голманот Шишковски ја допре топката, а таа се одби од стативата и дојде до Николов кој стрела за 1-0 и предност на вардарци.  По голот немаше многу прилики на двете страни, за одбележување се само по една прилика на двете страни. Вардарци во 40.минута имаа прилика преку Николов, а пак гостите имаа шанса четири минути потоа преку Маркоски, но и двете беа безопасни за двата голмани.

77

Во вториот дел  почнавме со измена на теренот, Седлоски Гоце реши од игра да го повлече Дарко Велковски, а во игра да влезе младиот Јасир Асани. Како и во првиот дел така и во вториот Работнички почнува прв со прилики. Сахити асистираше  до Маркоски кој се најде очи во очи со денес  одличниот  Гачевски кој умешно одбрани и исфрли во корнер. Седлоски решава да освежи повторно, го уфрла младиот Петар Петковски на местото на Којашевиќ. Романтичарите преку Елмас се обидуваат, топката минува крај нашиот гол во 66 минута. Мирна игра во продолжение ние умно го чуваме водството, задоволни од минималната предност. Извршена е последната измена во 74 минута од игра искочи  Ховханес Хамбарџумјан, во игра на негово место се најде Владица Брдаровски. Им ја препуштивме свесно средината на нашите противници, тие се обудваат да напаѓаат, сепак нивните напади се “јалови“ без посебна опасност. Најденов се обиде од дистанца кога шутна по земја, сепак Гачевски присебен во 36 минута од вториот дел. Грнчаров се обиде во 84 минута од 50 метра да изненади, шутна сепак тоа беше лесен плен за голманот на Работнички. Во 90+ Работнички имаше шанса од слободен удар преку Херера топката идеше по средината Гачевски боксува, потоа Ивановски Филип се обиде со глава безопасно што беа последни обиди за промена на мечот.