Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето против Брегалница

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето против Брегалница

Денес своите натпревари од петтото коло во првенството на младинските фудбалски категории ги одиграа и пионерските екипи на ФК Вардар. Тие гостуваа во Штип на екипата на Брегалница. Една победа и еден нерешен резултат е исходот од нивните дуели.

Тренерот Сашо Јанев го започна мечот со следниве 11-сетмина: Рамадани, Ѓурковски, Мирчевски, Ристески, Манасиевски, Бојковски, Петксоки, Димоски, Ариф, Астарџиев, Николов.

Помладите пионери со пресврт во вториот дел дојдоа до нови три бода во лигата. Домашниот тим на Брегалница уште во 3 минута ја погоди мрежата на Рамадани за водство од 1:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме. Иако имавме неколку шанси во овој период да измраниме, сепак тоа не се случи, па Штипјани на одмор заминаа со предност. Многу поразличен Вардар во вториот дел од мечот. Дури четири погодоци во противничката мрежа и тоа во период од 25 минути. На стартот на вториот дел својата голгетерска серија ја најави Бојан Димоски, кој го израмни резултатот на 1:1. Црвено-црните беа во целосна офанизва кон голот на Брегалница, која како да немаше сили да се надигрува со нашите млади надежи. Се играше 57 минута кога повторно Димоски погодоува и носи предност на својот тим од 1:2. Нововлезениот Малик Хасановиќ во редовите на Вардар успева да се запише во листата на стрелци, за зголемување на резултатот на 1:3. Полека се насетуваше кој ќе го освои целиот “плен“ на овој натпревар. Триумфот и сите дилеми околу победникот ги разреши повторно Бојан Димоски со неговиот хет-трик за водство од 1:4. Овој резултат беше конечен на натпреварот.

Ова е третта победа за оваа наша генерација во лигата, која полека влегува во посакуваната форма.

Големо изненадување се случи на вториот натпревар, помеѓу пионерите на Вардар и Брегалница. Иако избраниците на Сашо Тодоровски важеа за големи фаворити, сепак не успеаа да ги освојат сите тгри бода од ова гостување. Резултатот конечен беше оној почетниот 0:0, со што Вардаровите пионери загубија два планирани бода.