Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Херанц го доби потребниот сертификат, за настап на официјални натпревари во Вардар
Херанц го доби потребниот сертификат, за настап на официјални натпревари во Вардар

Херанц го доби потребниот сертификат, за настап на официјални натпревари во Вардар

Најновото засилување во редовите на Вардар, Николас Хозе Херанц,  го доби потребниот сертификат за настапи во црвено-црниот дрес на официјални натпревари. Аргентинецот потпиша пред неколку денови, беше пријавен за натпреварите во Лигата на Европа, но поради временската разлика со Аргентина, се чекаше на пристигнувањето на сертификатот од страна на фудбалската Асоцијација на Аргентина. Истиот пристигна во текот на вчерашниот ден, и Херанц беше во комбинација за денешниот дуел со Пјуник, кој Вардар го загуби со 1:0.