Тимот на Вардар одигра натпревар под сите можности денеска во Ереван и со резултат 1:0 беше поразен од тимот на Пјуник. Непрепознатлив, без скоро ниту една убава акција, денеска Вардар го одигра дуелот во Ереван. Доколку ја повтори играта и во Скопје, сигурно Вардарци ќе испаднат уште во првото коло.
Вардар одигра полувреме под сите свои можности. Уште во третата минута Пјуник имаше голема шанса да дојде до предност, Аветисјан од 25 метри слино шутираше, а Гачевски одби во корнер. Војнов во шесттата минута имаше одново голема шанса за гол, шутираше, Гачевски одбрани, а топката ја погоди и стативата од голот на Вардар. Во 28. минута примивме многу наивен гол, Конате се најде во добра позиција, шутираше по земја, а топката се одби од еден од одбранбените играчи на Вардар, и го измами Гачевски, завршувајќи во неговиот гол. По голот Вардар се обиде да створи некоја шанса, но преку Лира на два пати биеше непрецизно.
Во вториот дел продолжи без идејната игра на нашиот тим. Во 55. минута Барсегјан се најде во одлична шанса, но место да биеше направи потег повеќе и пропадна најубавата шанса денеска за погодок. Бабунски во вториот дел малку чудно не го стави во игра Најдовски, во игра влегоа младите Бериша, Адем и Максимов. Воглавно Попов со долги топки пробуваше да дојде до некој наш играч, но ниту еднаш тоа не му успеа. Скоро сите играчи во нашите редови одиграа очајна партија. Противникот во вториот дел не створи ниту една шанса за гол, но ќе патува со предност во Скопје.
На реваншот Вардар ќе мора многу подобро доколку сака да не испадне уште во првото коло.