Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан: Моментите кои ги поминав во Вардар за мене се незаборавни, беше златно и неверојатно искуство!
Хамбарџумјан: Моментите кои ги поминав во Вардар за мене се незаборавни, беше златно и неверојатно искуство!

Хамбарџумјан: Моментите кои ги поминав во Вардар за мене се незаборавни, беше златно и неверојатно искуство!

Ерменскиот десен бек, Хофханес Хамбарџумјан слободно може да се каже дека беше ,,полн погодок” на управата на ФК Вардар. Хамбарџумјан откако дојде во редовите на нашиот тим беше стандарден, а навивачите имаа само пофални зборови за неговите настапи.

Популарниот Хоф во редовите на ,,црвено – црните” запиша преку 100 официјални натпревари. Десниот бек вели дека моментите во Вардар за него биле незаборавни, посебно оние успеси против Фенербахче за пласман во групите од Лигата на Европа

„Моментите кои ги поминав во Вардар за мене се незаборавни, беше златно и неверојатно искуство. Имавме многу импресивни дуели, победи, освоивме многу титули и дојдовме до историја. Како победата над Фенербахче за пласман во групите од Лигата на Европа. Потоа направив трансфер во Кипар, каде тимовите се доста подобри на тактички план. Дали ќе останам тука и наредната сезона, ќе видиме“, изјави Хамбарџумјан.