Со оглед дека сезоната во македонската супер лига е поништена, поради пандемијата со корона вирусот, денес управниот одбор на РФМ одлучи кои екипи во новата сезона ќе ја претставуваат Македонија во Европските натпреварувања.
Очекувано, Вардар и во новата сезона ќе биде дел од најголемото ракометно натпреварување, Лигата на Шампионите, додека Еурофарм Пелистер ќе има можност преку вајлд карта да аплицира во ЛШ.
Место во Лигата на Европа ќе добијат екипите на Металург и Бутел.