Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар Јуниор се сели во Првата Лига, во новата сезона Супер Лигата ќе започне со 14 екипи
Вардар Јуниор се сели во Првата Лига, во новата сезона Супер Лигата ќе започне со 14 екипи

Вардар Јуниор се сели во Првата Лига, во новата сезона Супер Лигата ќе започне со 14 екипи

Денес на седницата на управниот одбор на РФМ беше одлучено дека оваа сезона ќе нема Шампион на Македонија во Супер лигата. Сепак, Вардар и во новата сезона ќе биде претставник на Македонија во Лигата на Шампионите, која ќе има нов систем на натпреварување.

Што се однесува до ситемот на натпреваруње во машката супер лигата, за сезоната 2020/21, исто така ќе има промени. РК Вардар ќе има само еден претставник во домашната лига и тоа првиот тим, кој треба заедно со Еурофарм да се приклучат во плеј-офот, додека по одлука на РФМ, екипата на Вардар Јуниор која беше предводена од Стојан Петрушевски, во новата сезона ќе се игра во првата ракометна лига.

Лигата ќе брои 14 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи, од по седум екипи. Пласман во плеј-офот ќе обезбедат екипите кои ќе се пласираат на првите три позиции во двете групи, од регуларниот дел на сезоната, а на нив ќе им се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер.