Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гоце Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб
Гоце Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб

Гоце Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб

Довчерашниот спортски директор на ФК Вардар, Гоце Седлоски, официјално е промовиран во Динамо Загреб.

Седлоски во иднина ќе го предводи вториот тим на Динамо Загреб, кој го очекува меч од 1/4 финалето во младинската лига на Шампиони, против екипата на Бенфика. Во овој тим на Динамо настапува и Филип Антовски, кој беше дел од Вардар.

Седлоски е поранешен тренер на Вардар, клуб со кој успеа да освои и две шампионски титули во ПМФЛ.