Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ховханес Хамбарџумјан доби повик од Ерменија
Ховханес Хамбарџумјан доби повик од Ерменија

Ховханес Хамбарџумјан доби повик од Ерменија

Нашиот десен бек Ховханес Хамбарџумјан повторно доби повик од неговата земја Ерменија. Популарниот Хоф утре заминува за Ерменија. Неговата репрезентација ќе одигра тест мечеви на американскиот континент,  против националните тимови на Гватемала и Ел Салвадор.

Поради оваа турнеа со репрезентацијата, Хамбарџумјан  ќе го пропушти последниот натпревар оваа сезона против градскиот ривал екипата на ФК Работнички. Со оглед на фактот што овој натпревар нема да има никакво значење, Хамбарџумјан  доби дозвола од ФК Вардар да замине.