Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Давид Астарџиев донесе победа за пом. пионери, во дербито со екипата на Металург
Давид Астарџиев донесе победа за пом. пионери, во дербито со екипата на Металург

Давид Астарџиев донесе победа за пом. пионери, во дербито со екипата на Металург

Денес на теренот во населбата Железарница се одигра заостанатиот натпревар од 20 коло во првенството на помладите пионери, помеѓу екипите на Металург и Вардар. Црвено-црните триумфираа на ова гостување, со што на две кола до крајот ја продолжуваат борбата за тиулата. Конечниот резултат гласеше 1:2.

Тренерот Сашо Јанев се одлучи за следниве 11-сетмина: Андов, Чурлинов, Мирчевски, Асенов, Апостоловски,Бојковски, Петкоски, Манасиевски, Ариф, Астарџиев, Николов.

Првите десет минути од мечот поминаа без поконкретни прилика за двете екипи. Пвата голема можност да го отвориме резултатот ја имаше Ибрахим Ариф, кој по голема грешка на противничките стопер изби сам со голманот, но неговиот удар беше слаб и лесен плен за голманот на Металург. Прв удар кон голот на Матеј Андов упати и домаќинот на овој меч, но само во рацете на нашиот чувар на мрежата. Имаше уште еден обид за Металург, но далеку од посериозно за да се постигне гол. Домашниот тим во средината на првото полувреме направи три корни, по што беше досуден скратен корнер за Вардарци. Сигурен реализатор во 21 минута беше Давид Астарџиев за водство од 0:1. По голот играта беше сведена на средината на теренот, црвено-црните ја контролираа играта и не дозволуваа Металург да направи некоја шанса. До крајот на првото полувреме, уште еднаш ја затресовме противничката мрежа и повторно на ист начин. Нови три корни направи Металург, а Астарџиев не простува ни по втор пат. Сигурно стрела во долниот десен агол од голманот, за веќе предност од 0:2. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans astardjiev

На стартот на вториот дел, домашниот тренер направи неколку измени и го освежи својот состав. Металург беше подобар во вторите 40 минути, во кои успеа да постигне почесен погодок и да намали на 1:2. Покрај тоа во 70 минута имаа можност преку скратен корнер да израмнат, но ударот на еден од нивните играчи заврши над голот на Матеј Андов. Неколку измени направи и нашиот тренер Сашо Јанев. Уште една добра прилика за противникот од слободен удар, но повторно Андов со парада спречува израмнување на резултатот. Во последните пет минути, успешно ја држевме топката во посед и не дозволивме на Металург да направи нешто поконкретно.

Со овие три бода ја продолжува борбата за титулата во лигата. На две кола до крајот, екипата на Работнички влегува како лидер со само еден бод повеќе од Вардар. Не очекува интересна и незивесна завршница на првенството.