Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерското дерби за Вардар, црвено-црните се враќаат на лидерската позиција
Пионерското дерби за Вардар, црвено-црните се враќаат на лидерската позиција

Пионерското дерби за Вардар, црвено-црните се враќаат на лидерската позиција

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да забележат победа на гостувањето на Железарница, против врсниците од Металург. Ова беше заостанат меч од 20 првенствено коло, на кој црвено-црните беа подобри. Со овој триумф се враќаме на првото место на табелата. Конечниот резултат гласеше 0:2.

Тренерот Тодоровски започна во следниов состав: велковски, Филипоски, Каркалашев, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта. Адем, Ѓорѓиевски, Бериша, Битиќи, Пешевски.

Уште во првите секунди од натпреварот, се заканивме кон противничкиот гол. Саит Битиќи беше првиот кој шутираше кон голот на Металург. На ова момче не му требаше долго време за да се запише во листата на стрелци. Се играше 5 минута, кога Битиќи успева да ја затресе мрежата на Металург, за водство од 0:1. Избраниците на Сашо Тодоровски имаа целосна домианција на теренот, тие ја контролираа играта и имаа голем посед на топка. Во следниот период се заканија и Јакуп Бериша и Виктор Пешевски, но нивните удари ги брани противничкиот голман. Првата и најсериозна шанса за Металург во првиот дел се случи во 15 минута, кога при еден слободен удар, топката се најде во нашиот шеснаесетник, до неа прв стигна еден од противничките играчи кој од неколку метри биеше, но одличниот Мето Велковски спречува израмнување. Се играше 23 минута кога падна нов погодок и повторно во мрежата на тимот од Железарница. Марко Ѓорѓиевски доби употрблива топка се ослободи од противничкиот чувар и пласира по земја за водство од 0:2. До крајот на првото полувреме имавме целосен посед на топката, Металург делуваше отсечено и безопасно за нашиот гол. Се обиде и Бериша, но неговиот удар завршува покрај голот. Првиот дел завршува со резултат 0:2.

vardarfans pioneri

Во второтп полувреме, први удар упатија играчите на Металург, но само во рацете на Велковски. Возврати на спротивната страна Али Адем со удар над голот на противникот. Среќа за Вардарци, домашната екипа ја погоди пречката од нашиот гол, резултатот остана непроменет. Последните 20 минути од мечот поминаа мирно, без некои големи шанси за погодок на двете страни. Тренерот Тодоровски направи неколку измени, со цел да ја освежи играта. Виктор Пешевски се обиде со удар од некаде 20 метри, само покрај голот на Металург. Резултатот остана оној истиот од првото полувреме, за конечни 0:2.

Остануваат уште две кола до крајот на лигата, сега Вардар е прв со бод предност пред екипата на Шкупи. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Ренова.