Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2002“ се пласираше на завршниот турнир во детската лига
ФК Вардар генер. “2002“ се пласираше на завршниот турнир во детската лига

ФК Вардар генер. “2002“ се пласираше на завршниот турнир во детската лига

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година се пласираа на завршниот турнир на најдобрите осум екипи во детската лига. Вечерва на терените на фудбалската федерација на Македонија, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Скупи. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0.

Тренерот Петар Ѓорѓиевски се одлучи за следниов состав: Величковски, Ѓоргиевски, Симев, Костовски (к), Ѓурковски, Давидовски, Гугуљанов, Трајановски, Речица, Игнатов, Илиевски.

Првите пет минути од натпреварот поминаа без посериозни прилики за отварање на резултатот. Вардар можеше “среќно“ да поведе доколку, нафрлената топка од Леонид Игнатов завршеше во голот на Скупи. противничкиот голман сакајќи да ја прибере топката се испушти од неговите раце и за малку не заврши во мрежата. Црвено-црните беа поконкретни во продолжение од мечот, што резултираше со два постигнати гола до крајот на првиот дел. Леонид Игнатов успева да го отвори резултатот на овој меч за 1:0, иако половина погодок се препишува на Марио Илиевски, кој повлече топка речиси од средината се ослободи од неколку противнички играчи, упати прецизна топка до Игнатов, а овој не греши во својот удар. На вториот погодок не се чекаше многу време, откако гол за водство од 2:0 постигна и Дамјан Трајановски. Започна акција од десната страна, Речица упати топка до Трајановски, кој од неколку метра прецизно стрела во противничката мрежа. Првото полувреме заврши со резултат 2:0 за нашиот состав.

Вториот дел помина без некои големи шанси за постигнување на погодок. Вардарци го контролираа натпреварот и не му дозволуваа на противникот да го загрози голот на Величковски. Марио Илиевски се обиде, но неговиот удар заврши во рацете на голманот. Милано се обиде од корнер, еден од нивните играчи биеше со глава на нафрлената топка, која заврши над нашиот гол. Леонид Игнатов постигнува погодок за предност од 3:0. Директно од слободен удар од десната страна, со лева нога упати удар, топката покрај стативата заврши во голот на Скупи. Конечниот резултат на овој натпревар е 3:0.

Со две победи во елиминацискиот дел, оваа Вардарова генерација се пласираше на завршниот турнир на најдобрите осум екипи од сите региони во Македонија. Вчера забележавме и триумф против Албарса (5:2).